Средба за воведување на инструмент за уставна жалба

Уставната жалба е апсолутно потребна, но за нејзино воведување треба да се промени Уставот и тоа е чувствителна тема, за чие отворање потребно е да се создадат услови. Oва беше порачано на отворањето на тркалезната маса за воведувањето на уставната жалба како инструмент за заштита на човековите права и слободи, организирана денеска во Уставниот суд со поддршка на делегацијата на Европската Унија.

Претседател на Владата, Христијан Мицкоски, на отворањето рече дека владеењето на правото претставува императив што мора да се почитува и Владата има засилена агенда на испорака на реформите, кои директно влијаат на владеењето на правото, и најави дека очекува многу бргу позитивни вести за планот за раст.

“Законот за Уставниот суд и уставната жалба, согласни сме со Костадиновски, дека е потребен, но за тоа е потребна промена на Уставот”, изјави Мицкоски.

Сепак, тој додаде дека ова прашање е болна тема на домашен план, нагласувајќи дека е најдобро да се создадат услови за промена на Уставот за да не се вознемири веќе вознемирената јавност.

Амбасадорот на ЕУ, Рокас, рече дека е важно фундаменталните реформи да одат рака под рака.

Шефот на мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Вал, рече дека реформите во оваа област одземаат време, нагласувајќи дека Уставниот суд веќе направил значајни чекори напред, вклучително и преносот во живо на седниците.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *