
Во рамките на посетата на Хрватска, претседателката Силјановска Давкова оствари средба со Милановиќ, по што следеше заедничка прес-конференција. Давкова изјави дека членството во ЕУ останува една од стратешките ориентации на нејзината земја.
Таа додаде дека процесот на европска интеграција мора да остане базиран на заслуги, реформи и исполнување на европските критериуми, наместо да биде оптоварен со билатерални историски, културни, јазични и идентитетски прашања.
Хрватскиот претседател Милановиќ рече дека има премногу барања и услови на патот на Северна Македонија кон ЕУ. Исто така, истакна дека таа сама го одредува својот пат.