Нов јазичен проблем со Јаневска за време на посетата на Тетово

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Тетово Билал Касами, министерката за образование Весна Јаневска денеска присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Општина Тетово.

Пред министерката Јаневска да даде изјава за медиумите, еден од новинарите ја праша дали си земала преведувач. „Не“, одговори Јаневска.

На забелешката дека претходно ѝ било укажано да понесе преведувач при посета на Тетово, министерката возврати: „Не ми треба. Јас не знам кому му треба преведувач за во Македонија да знае македонски јазик“, додаде Јаневска.

Претходно, при посета на Тетово од страна на новинарите и беше посочено на министерката да си земе преведувач на што таа одговори дека во Македонија има еден службен јазик и не треба да има преведувач.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *