Стафа обвинет за прифаќање награда за незаконско влијание

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција му поднесе обвинение на поранешниот државен правобранител и адвокатот, Фехми Стафа. Се гони за примање награда за противзаконито влијание во случајот со осомничениот во „Синџир“, Љупчо Пецов со прекар Ѓаволот.

„Обвинетиот, со намера да прибави противправна имотна корист, примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и преку давање поткуп да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Стафа беше уапсен во декември, во моментот кога ги примал парите, за кои истрагата тврди дека биле наменети за судија од Апелација. Стафа бил адвокат на Љупчо Пецов – Ѓаволот, кој е обвинет во предметот „Синџир“.

Во случајот се споменува и судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд Скопје, Стафа по апсењето е во притвор, а Обвинителството бара продолжување на мерката. Дел од останатите инволвирани во случајот се во домашен притвор, додека постапката продолжува.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *