Куќниот притвор на Груби е продолжен

На Артан Груби му е продолжен домашниот притвор во истрагата за злоупотребите во Државна Лотарија. Од скопскиот Кривичен суд потврдија дека по барање на обвинителството пред државниот празник, за Груби е продолжен домашниот притвор со 24 часовно полициско обезбедување.

Груби досега не дал исказ пред обвинител, а одбраната речиси заврши со разгледување на документацијата во предметот, ни рече неговиот адвокат Гоце Ристевски.

Поранешниот функционер, неколку дена пред да биде осомничен во декември 2024-тата беше ставен на американската црна листа заедно со судијата Енвер Беџети поради сомнежи за корупција во судски предмети и беше посочен предметот за Мијалков.

Од обвинителството одговорија дека сомнежите од црната листа на САД се дел од предистрага во која е вклучено и Финасикото разузнавање.

Што се однесува на безбедносните закани кои му овозможија домашен притвор на Груби, постојат белешки од АНБ и МВР дека имало полициски сознанија за закани, но и разузнавачки информации за ангажирање на платени убијци од соседна држава во која потоа замина Груби од Северна Македонија.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *