
Стојанче Јовановски на 30 март ќе седне на обвинителна клупа за неколку кривични дела поврзани со смртта на неговата сопруга Ивана и ќерка Катја. На Јовановски ќе му се суди за нанесување телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.
Обвинителството отвори предмет и за постапувањето на Центарот за социјални работи Скопје, а Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши проверки за тоа како полицијата постапувала по пријавите за семејно насилство.