
Премиерот Мицкоски е во посета на Брисел, каде што во среда учествуваше на одбележувањето на 50-годишнината од ЕПП.
Тој истакна дека настанот бил исполнет со силна енергија, визија и заедништво, а улогата на ЕПП како двигател на европските вредности, демократијата и стабилноста е потврдена.
Порано истиот ден, Мицкоски изјави дека, покрај официјалната прослава, ќе има и самит на лидерите на партиите дел од ЕПП. Таму ќе се дискутира за теми како што се глобалните предизвици, војната во Украина, ситуацијата во Заливот и Иран и проширувањето.