Амандманот на Вајц бара Правната служба на Советот да се изјасни за Вториот протокол

Известувачот за Македонија, европратеникот Томас Вајц самиот предложи амандман на неговиот извештај со кој за првпат побара правната служба на Европскиот Совет под итно да се изјасни за вториот протокол потпишан меѓу Македонија и Бугарија.

Со амандманот, како што објави „Независен“, Вајц бара Советот да ги разјасни, како што стои, „Сите двосмислености околу правниот статус во процесот на пристапување кон ЕУ на вториот билатерален протокол кон Договорот за добрососедство и пријателство“ меѓу Бугарија и Македонија, што се споменува со заклучоците од 2022 година.

Во продолжение Вајц бара Европскиот Совет и Европската Комисија поективно да се ангажираат за деблокада на преговорите со Македонија, а отворањето и затворањето на преговарачките поглавја да се решава со квалификувано мнозинство, место како сега – за секоја етапа да се гласа со консензус.

Бугарските европратеници поднесоа 100-тина амандмани на извештајот, со кои бараат исполнување на уставните измени, но и да се задолжи Европската Комисија во иднина да прави извештај како Македонија го спроведува Договорот за добрососедство со Бугарија – со прецизни обврски, временска рамка и оценка за спроведувањето..

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *