
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски очекува до крај на септември, до кога е одложен новиот европски систем за престој за превозниците од Северна Македонија, да се најде трајно решение.
Повика да не се верува на шпекулации од соседните држави, затоа што секој четврток работна група на Европската комисија во која учествуваат и домешни експерти има состаноци на кои се разговара за технички решенија.