Најавени се инвестиции во инфраструктурата во Кочани

Една година по трагедијата, Кочани е во фокусот на Владата со повеќе инфрастурктурни инвестиции. Премиерот Мицкоски е задоволен од тоа како државата реагираше во првите моменти од пожарот во кочанската дискотека, правејќи споредба со сличната трагедија во Швајцарија.

“Кога правите споредба на лоши настани делувате некрофилски, јас не сакам да звучам некрофилски. Ако се спореди тоа што ние како Влада го направивме со она што се случи во Кран Монтана во Швајцарија, можам да кажам дека неколкукратно подобро се справивме, по сите параметри и по сите споредби.

За жал, не постои начин како да ги вратиме тие кои, за жал не се повеќе меѓу нас. Но од аспект на системска реакција, кога ќе го споредиме тој настан со оној кој се случи во дискотеката во Кран Монтана во Швајцарија, неколкукратно подобро, верувале или не, системот македонски, институциите, реагираа подобро од системот и институциите во Швајцарија”, вели премиерот Мицкоски.

Со најавенот инвестициски пакет од државата од 100 милиони евра, во Кочани денеска стартуваше изградбата на влезниот булевар, се поставува нова канализациска и водоводна мрежа и се гради нов сообраќаен мост над кочанска река.

Првиот човек на општината најавува и изградба на нова спортска сала, затворен олимписки базен и дом за стари лица кој ќе стратува со градба следниот месец. Нов лик ќе добие кочанската болница, градскиот плоштад, а ќе се стартува и со урбанизација на Пониква.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *