
Обвинувањата од ВМРО веќе на сите им се смешни, тие обвинувања од ВМРО се викаат лажна вест, fake news, измислена афера и црна кампања, посочи претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во интервју за неделникот Фокус, во однос на извештајотна ЦИА и обвинувањата од ВМРО поврзани со името на државата.
„Тоа воопшто не е обвинување, затоа што обвинување може да дојде од некоја релевантна страна, а не од таблоидна партија како ВМРО“, рече Филипче.
Во интервјуто Филипче посочува дека тоа што го покажува документот на ЦИА, говори дека Киро Глигоров, како и СДСМ, секогаш мислеле на Македонија.