
По повод првата годишнина од пожарот во Кочани, во сабота во Скопјe ќе се одржи меѓународна конференција.
Ќе учествуваат медицински експерти од 37 земји, вклучувајќи ги и оние каде што имало лекување на пациенти, Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Австрија, Шведска и Полска.
Портпаролката на Владата, Марија Митева, во среда изјави дека ќе се анализира институционалниот одговор и долгорочната рехабилитација на жртвите.
Државата останува доследна во своето ветување дека поддршката за жртвите и нивните семејства нема да биде еднократна, туку системска, додаде таа.