Леви и амбасадорот Дрекслер се обратија по повод одбележувањето на годишнината од депортацијата во 1943 година

Претседателот на Еврејската заедница во земјава, Пепо Леви, во своето обраќање нагласи дека и по 83 години болката и горчината не се намалуваат. Леви истакна дека 98 проценти од еврејската популација во Македонија била уништена, што претставува еден од највисоките проценти на уништување на Евреи во окупирана Европа.

Германската амбасадорка Петра Дрекслер рече дека како претставник на Германија е длабоко трогната од можноста да се обрати на одбележувањето, нагласувајќи дека Холокаустот претставува злосторство против човештвото за кое историската одговорност на нацистичка Германија е неспорна.

“Дури и 83 години подоцна, суровоста и бруталноста што им беа нанесени на еврејските семејства од Битола, Скопје и Штип остануваат несфатливи. Холокаустот беше кулминација на омразата, антисемитизмот, пропагандата и институционалниот расизам, кои го отворија патот за систематско уништување”, рече Дрекслер.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *