
Европската Унија нема да дозволи да се приклучат земји кои би можеле да ги поткопаат нејзините вредности или институции – порача еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на расправата за стратегијата за проширување на ЕУ.
За време на дебатата за проширувањето во Европскиот парламент, Кос нагласи дека инсистирањето на владеењето на правото како клучен приоритет неизбежно го зајакнува кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ.