Иницијативите што ја оспоруваат уставноста на “Сејф Сити” беа отфрлени од судот

Отфрлени иницијативите за Законот за сообраќајни прекршоци познат како Сејф сити поднесени од пратениците Зијадин Села како и онаа на Арбен Таравари.

Во иницијативите беше наведено дека новите решенија за електронско евидентирање на сообраќајни прекршоци создаваат нееднаквост, бидејќи системот се применува само во Скопје, Тетово и Куманово, како и дека и пораките кои се примаат при сообраќаен прекршок треба да бидат и на албански јазик.

Судијата Насер Ајдари рече дека треба да се испита уставноста и да се препорача Собранието да ги направи потребните измени во Законот за прекршоци.

Судијката известител Ана Павловска Данева рече дека во самиот закон добро се посочува во кои случаи се применува Законот за употреба на јазиците, дека нема потреба да се поведе постапка за испитување на уставноста, а пресече и претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски кој смета дека воопшто и не треба да се почне расправа.

Уставните судии денеска постапуваа и по инцијативите за платите на судиите. Ќе останат минимално намалени како што одлучи Собранието, а дали ќе им се зголемуваат или не Уставниот суд ќе одлучува во наредниот период.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *