Продолжува одбележувањето на 83-годишнината од депортацијата на македонските Евреи

Да се сеќаваме за да не заборавиме, истакна потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, на денешниот комеморативен собир посветен на годишнината од депортацијата на битолските Евреи.

Пред споменикот камена менора посветен на депортираните Евреи, Бендевска рече дека бугарскиот фашистички окупатор од Битола депортираше 3.172 Евреи. Бендевска која заедно со пратеничките Олга Лозановска и Бисера Костадиновска Стојчевска положи цвеќе пред споменикот камена менора „Седум шандани“ во Битола.

Општина Битола како домаќин и организатор на денешното сеќавање на депортираните Евреи одржа комеморативна седница и приреди прием за делегациите од градот и државата. 11 март 1943 година е една од најцрните страници во историјата на градот Битола,, рече градоначалникот Коњановски.

Од Фондот на Холокаустот на Евреите денеска донираа предмети во вредност од 10.000 евра за Домот за доенчиња во Битола.

Истиот ден, претседателката Гордана Силјановска ја посети Треблинка по повод 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи (од Битола, Штип и Скопје) во логорот.

Таа рече дека нема да биде дозволено историски ревизионизам и фалсификување на вистината за холокаустот на македонските Евреи.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *