
Националното координативно тело за имплементација на Истанбулската Конвенција со кое претседаваше заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, одржа итна седница, по повод смртта на Ивана и Катја, со цел преземање на конкретни мерки и активности од страна на сите надлежни институции, во насока на спречување и подобрување на заштитата на жртвите и гонење на сторителите.
На состанокот учествуваа и министерот за внатрешни работи, Тошковски, заменикот министерот за правда, Деребан, претставници на Јавното обвинителство, Основен суд, експерти во областа, граѓански организации и претставници од надлежните институции
На Седницата беа разгледани и заклучоците од одржаната тркалезна маса организирана од страна на Министерството за внатрешни работи, со учество на надлежни институции и граѓански организации и академската фела, кои работат во областа на семејното насилство.
На седницата на НКТ, беа усвоени заклучоци за формирање на работна група која ќе подготви итни измени и дополнувања на повеќе закони, со цел унапредување на институционалната координација и зајакнување на системот за заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство. Предлог измените треба да бидат доставени до Националното координативно тело во најкраток можен рок.
На седницата се донесе и заклучок, да се дадат конкретни мерки и активности за подобрување на системот за заштита на жените жртви на насилство кој ќе бидат дел од Стратегијата и Акцискиот план за Спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.