Работната група за Изборниот законик одржа конститутивна седница

Конститутивната седница на работната група за Изборниот законик се одржа во понеделник. Министерот за правда Филков изјави дека е избран да ја води, по предлог од сите партии.

Беа донесени и решенија за методот на донесување одлуки, динамиката на работата и деловникот. Постигнат е договор сите одлуки да се носат со консензус. Следната средба ќе се одржи на 23 март.

Кога станува збор за тоа дали ќе има измени во Законот или целосно нов текст, засега е непознато.

„Зависи од предлозите. Ако надминат 30%, ќе работиме на нов. Ако не, ќе работиме во рамките на постојниот“, изјави Филков.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *