Случајот за Ивана и Катја главна тема на седницата на Парламентот по повод 8 март

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одбива да го слави празникот на жената во услови кога, поради нефункционалност на системот, Македонија ја загуби Ивана и Катја, а земјата се соочува со низа случаи на фемицид. Наместо вообичаена честитка за 8 Март, претседателката одржа критички и остар говор на свечената седница на Парламентот, каде традиционално се обележува празникот на жената.

Во својот говор, Сиљановска-Давкова потенцираше дека не може да го слави празникот на жената додека системските пропусти продолжуваат да ги загрозуваат живoтите на жените во Македонија.

Пратеничката и лидерка на ЛДП, Зајкова, го критикуваше она што го нарече институционален молк во врска со заканите и пријавувањето за семејно насилство. Истиот ден, таа повторно го поднесе предлог-законот за е-ознаки за сторителите.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *