Финансирањето на Академијата од страна на Судскиот совет е неуставно, вели судот

Финансирањето на Академијата за судии и обвинители од Судскиот совет е неуставна, спротивна е со поделбата на законодавна, извршна и судска власт. Освен тоа, навлегува во Законот за обвинителство. Обвинителството има свој буџет, а идните обвинители се финансираат од Судскиот совет – дебата во Уставниот суд.

Судиите поделени во ставовите – дали на Собранието треба да му се дадат 60 дена да ја поправи грешката во Законот за Судски совет или не. Дел од судиите сметаат дека не треба да му се дава шанса на Собранието, но одлуката за укинување или поништување да биде со одложено дејство за да не се направи проблем на актуелниот буџет.

Уставните судии најавија нулта толеранција кон Собранието кое не ги почитува одлуките на судот за уставност на законите што ги носи.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *