
Минималната плата од март годинава ќе изнесува 26.046 денари и се зголемува за околу 1.600 денари. Владата не попушти и пресече дека таа само законски ќе се усогласи. Сојузот на синдикатите на Македонија демонстративно ја напушти седницата на Економско-социјалниот совет.
Најавуваат дека борбата за 600 евра минималец, и 6.000 денари раст на сите останати плати ќе продолжи од улица, со протести. Министерот за економија Дурмиши ја кажа пресметката, минималната плата од март се зголемува за 6,86 проценти.