
Потребен е засилен полициски надзор за еврејските објекти поради случувањата на Блискиот Исток.
Првиот човек на Еврејската заедница на иста линија со претседателката Сиљановска Давкова која по синоќешниот Совет за безбедност изјави дека е потребна посебна заштита на Музејот на холокаустот, седиштата на еврејската заедница и синагогите, откако ексалираше состојбата меѓу САД и Иран. Леви за Сител вели дека е во постојан контакт со македонските безбедносни служби.
Сител ја обиколи областа во понеделник, велејќи дека нема видливо полициско присуство во близина на Меморијалниот центар на холокаустот или околу амбасадите. Министерството за внатрешни работи не добило барање од амбасадите.