
Амбасадата на Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Саудиска Арабија, ја разгледува можноста за репатријација и евакуација на граѓаните на Северна Македонија кои моментално се наоѓаат во ОАЕ и преку копнената граница во Саудиска Арабија, а оттаму со авиони што заминуваат од територијата на Саудиска Арабија.
„Транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобус и би траел од 13 до 15 часа“, соопшти Амбасадата во објава на социјалните мрежи, која содржи и детали за тоа што треба да содржи списокот и како граѓаните можат да се регистрираат.