Засега нема преодно решение за проблемот со транспортерите

Хрватска и Унгарија се првите земји од ЕУ кои најавија олеснувања за транспортерите кои веќе се соочуваат со проблеми поради најновите ограничувања за времетраењето на престојот во Шенген зоната.

Додека најавите на Унгарија се однесуваат само на српските транспортери, Хрватска нуди конкретно решение преку промена на Законот за странци.

Тоа ќе им овозможи на професионалните возачи од трети земји кои се формално вработени во компании регистрирани во Хрватска да добијат долгорочна виза. Токму тоа беше нагласено на состанокот на работната група во петокот со претставници на ЕК и Западен Балкан. Засега нема преодно решение.

Претставниците на работната група нагласија дека каква било флексибилност или олеснување е можна само на национално ниво, за што секоја членка на ЕУ одлучува индивидуално, односно не преку директна промена на заедничкото правило за преминување граници и времетраење на престојот во Шенген зоната.

„Вистина е дека Хрватска е првата и единствена што презема иницијативи да ни помогне и поддржи на сите нас од Западен Балкан. Во понеделник ќе имаме состанок со работната група од Македонија“, истакнува Билјана Муратовска од Макам-транс.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *