
Во врска со неформалната идеја за членство без право на донесување одлуки, евроамбасадорот Рокас, за време на посетата на Прилеп во среда, изјави дека според важечките договори на ЕУ, секоја земја што ќе стане членка има право на глас и вето.
Според него, промената во тој поглед ќе бара едногласност од сите членки.
„Засега, договорите се такви какви што се. Значи, најголем приоритет е да се спроведат реформи, да се спроведат обврските, за да можеме да имаме јасен пат кон пристапување за Северна Македонија“, истакна амбасадорот.
Запрашан за случајот на поранешниот заменик-премиер Груби, тој рече дека, во принцип, ЕУ не се меша во судските одлуки. Сепак, рече дека владеењето на правото треба да се спроведе во целост за сите граѓани.