
Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска не го прифати предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, во прво читање, поднесен од пратеничкта група на СДСМ, како и предлогот на координаторот на оваа пратеничка група, Оливер Спасовски, за одржување јавна расправа и обид за постигнување договор меѓу трите засегнати страни за зголемување на минималната плата.
Со предложениот закон се бараше минималната плата во државава да изнесува 36.960 денари (600 евра) за периодот од март 2026 до март 2027 година.