МНР ги повика граѓаните во Мексико итно да ја напуштат земјата

Министерството за надворешни работи (МНР) упати апел до македонските граѓани кои престојуваат во Мексико итно да ја напуштат земјата поради значително влошената безбедносна состојба. Воедно, од МНР препорачуваат одложување на сите патувања кон Мексико што не се од итен и неопходен карактер.

Апел за напуштање на земјата и одложување патувања „Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk и телефонскиот број на Дипломатско-конзуларното претставништво во Вашингтон +1 (202) 758-7798, како и на е-поштата washington@mfa.gov.mk“, информираат од МНР.

Насилствата во Мексико ескалираа откако воена операција резултираше со убиство на најбараниот нарко-бос во земјата — Немесио Осегера Сервантес, познат како „Ел Менчо“, водач на нарко-картелот Халиско Нуева Генерасион (ЦЈНГ).

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *