
Во неделата, СДСМ постави низа прашања во врска со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Северна Македонија во Србија.
Портпаролката Кузеска презентираше принтскрин од објава на Твитер од 2012 година од Адамовиќ, истакнувајќи дека во неа тој рекол: „Ова е уште еден доказ дека српска Македонија е окупирана“.
Според СДСМ, медиумите во Србија презентирале скандалозни информации за Адамовиќ.
ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата, велејќи дека иницијативата за Адамовиќ дошла од македонскиот амбасадор во Белград, назначен за време на владеењето на СДСМ. Сепак, од страна на СДСМ се вели дека Владата донела одлуки за почесните конзули.