Николоски: Се очекува што поскоро решение за проблемот со транспортерите

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека проблемот со македонските превозници поврзан со воведувањето на новиот ЕЕС систем е високо на агендата во Брисел и дека се очекува решение во најскоро време.

Тој потенцира дека Владата води интензивна дипломатска активност и директно лобирање во европските институции, со цел да се заштитат домашните транспортни компании. Вицепремиерот посочи дека е започнат официјален дијалог со Европска Комисија, во рамки на новата визна стратегија претставена од претседателката на Европската Комисија, при што македонските превозници за првпат се третираат како професионална категорија.

“Контурите се јасни, а тоа е дека со новата визна стратегија, превозниците се признати за прв пат како професионалци, што досега не беа во таа категорија. Сега има неколку опции што се разгледуваат како можни решенија, а тоа е секоја земја членка на Шенген зоната да издава посебни визи, при што деновите би се броеле само во таа земја, понатаму целосно изземање на возачите по примерот на пилотите и машиновозачите и третата опција со третман како прекугранични работници”, изјави Николоски.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *