Дракулевски, Силјановска Давкова и Калајџиев дел од расправата за предлог-законот за помилување

Според претседателката на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, професорката Александра Груевска Дракулевски, носењето на законот за помилување треба да оди паралелно и со измени на КЗ, односно измена на одредбата која се однесува на помилувањето, член 114.

„Клучната измена во овој предлог закон за помилување е тоа што се укинува аболицијата, што значи дека Претседателот на државата ќе може да дава помилување само на правосилно осудени лица, но не и во делот на кривично гонење“, изјави Дракулевски.

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова на научно-стручната расправа посочи дека трендот во ресоцијализацијата оди рака под рака со осовременувањето и очовечувањето на условите во затворите.

Универзитетскиот професор и поранешен член на Комисијата за помилување, Гордан Калајџиев укажа дека и претходно немало во законот групно помилување, но сепак се нашло начин истото да се спроведе. Според Калајџиев потребна е одредба, во спротивно оваа практика не ја исклучува можноста за извор на корупција.

Целта на новиот предлог-закон за помилување е да обезбеди јасна, транспарентна постапка на помилување, предвидени пократки рокови за постапување на надлежните институции кои треба да ги прибираат соодветни податоци пред да стигнат во кабинетот на Претседателот.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *