
На вонредната седница на Советот на Струга во четврток, градоначалникот на Струга, Менди Ќура, поднесе извештај за преземените активности поврзани со проблемот со водата за пиење.
Како што истакна, експертите утврдија дека ископувањата од страна на две компании во текот на годините се очигледни и многу веројатно се главната причина. Во селото Шум има длабоки ископувања и штети што ќе бидат тешки за санирање, додаде градоначалникот.
“Досега утврдивме дека штетата е дополнително зголемена, бидејќи не е преземено ништо за заштита на овој природен ресурс”, рече Ќура.
Според извештајот, поранешните општински органи, градоначалниците и надлежните институции, со своето дејствување или недејствие, го оштетиле екосистемот, а со тоа и водата.
Беа дозволени ископувања кои траеја повеќе од 10 години без критериуми, само за материјална добивка, додека постоеше институционална аномалија, односно една од компаниите доби дозвола за ископ во врска со чувствителната зона.