
Советот на јавните обвинители денеска даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски и обвинителката Лидија Раичевиќ.
За кандидатурата на поранешниот судија Владимир Панчевски Советот едногласно одлучи дека тој не ги исполнува условите предвидени со законот во врска со работниот стаж
Листата кандидати ќе биде испратена во владата која ќе утврди конечен предлог и ќе го испрати до Собранието, во чија надлежност е избор на нов државен јавен обвинител.
Советот на јавните обвинители денеска даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски и обвинителката Лидија Раичевиќ.
За кандидатурата на поранешниот судија Владимир Панчевски Советот едногласно одлучи дека тој не ги исполнува условите предвидени со законот во врска со работниот стаж.