
На денешната седница Софија Спасова Медарска беше избрана за заменик-претседател на ДКСК, во следните шест месеци.
Исто така, го усвои извештајот за финансирањето на кампањата за локалните избори 2025.
Антикорупциска го презентираше извештајот за локалните избори. ДКСК формирала 43 предмети по поднесени пријави. Во однос на Регистарот на службените возила на државните органи, претседателот Адем Чучуљ рече дека од 1514 институции, службени возила пријавиле 635 институции, додека 879 не доставиле податоци.
За еден предмет од изборната кампања, ДКСК најави дека ќе иницира кривична постапка. Станува збор за директор на јавно претпријатие, кој е одговорен што на јавни автобуси бил залепен ликот на еден од кандидатите за градоначалник. Од Антикорупциска нагласија дека автобусите се јавни добра и дека директорот постапил спротивно на законските одредби кои го ограничуваат тоа.
Изборот е дел од законската шестмесечна ротација меѓу членовите, а не нов мандат.