Прашања со кои се соочува почетокот на Анкетната комисија

Партиски игри го кочат стартот на ад хок комисијата за серијата несреќи во последните неколку години во кои загинаа 139 луѓе. Ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ немаат предложено свои членови во ова собраниско тело кое треба да ги истражи околностите во кои се случија двете автобуски несреќи во Ласкарци и Бугарија како и пожарите во Кочани и модуларната болница во Тетово.

Од СДСМ велат дека ќе дадат свои предлози и покрај тоа што сметаат дека спикерот Гаши е тој што треба да го иницира стартот на комисијата Гаши на брифинг со новинарите вели дека Претседателот на оваа комисија е тој кој што треба да го свика нејзиното заседание, а за да може тој да биде избран, партиите мора прво да дадат свои предлози. Најави дека на следната координација за ова лично ќе ги потсети координаторите на пратеничките групи.

Засега своите претставници ги предложи само Левица. ВМРО-ДПМНЕ е без предлози иако и од таму најавуват дека ќе го сторат тоа.

Од партијата и денеска се фокусираа на одговорноста на Филипче за пожарот во модуларната болница во Тетово кој изби во времето кога тој беше министер за здравство Филипче ги отфрли обвинувањата за кои рече дека се плод на црна кампања која според него има за цел да дефокусира од клучните проблеми.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *