Нови реакции на проблемот со транспортерите

Техничка група која ја формираа министрите од земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и која ги разгледува барањата на транспортните оператори од Западен Балкан поврзани со нивниот престој во ЕУ одржала состанок минатата недела, но одлука не е донесена, потврдија денеска од Европската Комисија на редовниот брифинг во Брисел. Оттаму посочуваат дека на тој состанок биле разгледани и разјаснети постојните правила на движење во Шенген зоната.

„Учесниците разговараа за различните опции што ни се на располагање со цел да се обезбеди целосна имплементација на системот за влез и излез. Во овој контекст, партнерите од Западен Балкан се охрабруваат да ги користат одредбите за долгорочни визи и дозволи за престој или флексибилноста предвидена според правилата на Шенген. Особено во однос на правилата за работници од други земји и сето ова во тесна соработка со соседните држави од Шенген“, изјави портаролот на Европската Комисија, Гијом Мерсие.

Тој кажа и дека дека разговорите за правилата во Шенген зоната ќе продолжат на следниот состанок закажан за 23 февруари.

Во неделното интервју за РСЕ, Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи кажа дека транспортерите веројатно повторно ќе треба да излезат на блокади неделава за да ги потсетат креаторите на политики во Европската унија дека проблемот не е решен.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *