Мицкоски вели дека пораките на Рубио се јасен сигнал до сите сојузници

Мицкоски, кој учествува на 62-та Минхенска безбедносна конференција, истакна дека пораките на американскиот државен секретар Рубио се јасен сигнал до сите сојузници кога станува збор за тоа дека светот повеќе не функционира според старите правила.

“САД и Европа остануваат нераскинливо поврзани, но иднината ќе ја градиме преку сериозност и взаемно почитување. ​Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница. Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани“, изјави Мицкоски.

Во Минхен, Мицкоски се сретна и со украинскиот претседател Зеленски. Средбата се фокусираше на безбедносните предизвици во Европа и можностите за праведен и одржлив мир.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *