Сојуз на синдикати организира протестна блокада пред Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ја реализираше втората од најавените три блокади барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари.

Пред Стопанската комора беше испратена порака до работодавачите да се согласат да ја зголемат минималната плата и сите останати плати и да ја задолжат Владата да ги субвенционира придонесите. Од ССМ изјавија дека понудата е на маса и доколку не наидат на разбирање ќе организираат уште еден протест и генерален штрајк.

Протестите пред институциите имаат политичка позадина – вели премиерот Мицкоски. Според него претседателот на ССМ, Трендафилов е инструиран од политичките партии во опозицијата.

Стратегијата, преку него да се испорачуваат партиски барања со цел да се добие симпатии кај граѓаните е неуспешна, а целата јавност наскоро ќе знае дека на барикадите стојат партиски истакнати луѓе, посочи Мицкоски.

Премиерот останува на ставот дека за минималецот треба да се договорат работодавачите и синдикатите. Подготвен е за дијалог за колективниот договор.

Владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, велат од СДСМ. Според опозициската партија, владата ги игнорира барањата на работниците за достоинствени плати. Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ го блокираат законското решение на СДСМ во Собранието за 600 евра минималната плата и поддршка на компаниите, посочуваат од Бихаќка.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *