Случајот со операции на срце: Алиу вели дека целта е да се добие точен извештај базиран на податоци

“Според експертите, ќе им треба максимум два месеца да изготват извештај. Ако има потреба, и ќе се одложи, целта е извештајот да е точен и базиран на податоци”, одговори денеска министерот за здравство Азир Алиу прашан за вчерашниот онлајн-состанок со странските експерти ангажирани за анализа на спорните кардиолошки и кардиохируршки интервенции.

“Во ваков случај јас сум против да има рокови. Ние со рокови може само правиме штета во процедурите и протоколите. Тоа не ни е целта. Мене не ми е целта само да добијам извештај и да излезам пред јавноста и пред вас и да кажам: „завршивме со процедурата”, рече Алиу.

Вчерашната онлајн-средба била долга заедно со експертите од нашата држава и тројцата експерти од надвор.

Тој беше прашан доколку има злоупотреби дали ќе се однесе извештајот во Обвинителство и дали оставката на интервентниот кардиолог Сашко Кедев, кој го обелдоени случајот со медицински неоправдани операции на срце, ќе ја обесхрабри јавноста.

“Да го чекаме крајниот извештај. Крајниот извештај ќе ни каже што понатаму. Професорот Кедев не е дел од оваа група, интерната, на девет експерти. Тој е дел од советодавниот комитет на министерот што е по закон и тој креира политики за здравството, не е воопшто вклучен во овие процедури, така да логично нема да влијае ни позитивно ни негативно, бидејќи тој ни досега не бил член на оваа група”, одговори министерот Алиу.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *