Ацевски потврди дека Ристовска и Димитровска заедно го подготвиле Извештајот за СЈО

Актуелната членка на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Цвета Ристовска и обвинетата поранешна претседателка Татјана Димитровска се две поранешни ревизорки кои ставиле свои потписи врз ревизорскиот извештај за СЈО.

Тие се дел од тројцата ревизори кои во 2020 година нотираа дека во СЈО се делеле сомнителни надоместоци за тајност во вредност од 4,6 милиона евра.

Ваквата информација ја потврди и Главниот државен ревизор Максим Ацевски, кој вели дека Ристовска во тоа време била потпретседател, а Татјана ревизор.

Извештајот е изработен професионално, согласно методолошките акти за извршената ревизија и се издадени два конечни извештаја. Еден е достапен за целокупната јавност, а друг има класификација за доверливост. Ревизорскиот извештај, пак, кои го изработиле беше искористен како доказ од владеачката ВМРО-ДПМНЕ за да поднесе кривични пријави против обвинителите на СЈО.

Обвинителството за гонење на организиран криминал, кое го нарача извештајот, сега ја отфрли кривичната пријава на партијата.

„Постапувајќи по конкретниот предмет, имајќи ги предвид битијата на кривичните дела за кои беше поднесена кривичната пријава, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК изврши целосна анализа на наводите и доказниот материјал во предметот и ценејќи ги сите докази и факти, кон крајот на месец август минатата година донесе решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност“, информира Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *