Синдикалната федерација организира протестна блокада пред Парламентот

„Доста ни се трошки сакаме плата“ е една од пораките на работниците кои протестираа пред законодавниот дом. Блокадата е одговор на заглавениот закон за зголемување на минималната плата – велат од ССМ.

Не се исполни очекувањето минималната плата да се најде на дневен ред на собраниската седница. ССМ не отстапуваат од црвената линија – 600 евра минимална и 6.000 денари зголемување на преостанати плати.

Работниците велат, сегашната минимална е далеку под основните трошоци за живот. Симболиката на протестот беше да ги спречат пратениците да дојдат на работа со автомобили и да земат патни трошоци.

Коментирајќи го протестот, премиерот Мицкоски изјави дека има политичка позадина.

Од друга страна, лидерот на СДСМ и пратеник Филипче повторно го поднесе предлог-законот за минимална плата, откако претходно беше вратен од претседателот Гаши поради, како што рече, технички недостатоци.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *