Продолжува испитувањето на Клиниката за онкологија

Чести промени на терапијата без медицинско објаснување, давање лекови кои меѓусебно го поништуваат дејството и аплицирање хемотерапија во терминална фаза, која наместо да помогне, го скратувала животот на пациентите, се дел од заклучоците што денеска ги презентираше вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, Словенија, на рочиштето за случајот „Онкологија“ во Основниот кривичен суд Скопје.

Вештачењето е изработено врз основа на анализа на 51 медицинска документација од лекување пациенти на Клиниката за онкологија. За одбраната, ваквиот наод се темели на европски стандарди кои, според нив, не се дел од македонскиот здравствен и правен систем.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на онкологот Симонида Црвенкова, оцени дека стручниот наод не може да има доказна сила. Во согласност со најавената динамика, кон крајот на март ќе треба да се почне со сослушување вешти лица од Србија, кои исто така работеле медицински вештачења за Обвинителството.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *