
Иако заменик-премиерот Сали, кој е дел од ВЛЕН, смета дека според Уставот, на студентите кои сакаат да полагаат правосуден испит на албански јазик мора да им се овозможи тоа, министерот за правда Филков, кој е дел од ЗНАМ, истакна дека Уставот и законите се јасни, односно предвидуваат испитот да се полага само на македонски јазик.
Коментирајќи го ова прашање, премиерот Мицкоски во вторник изјави дека не очекува различните мислења да влијаат врз стабилноста на владејачката коалиција.
Исто така, изрази подготвеност за законски измени доколку има иницијатива за тоа. За таа цел, ќе ги покани засегнатите на разговор уште во среда.
Според лидерот на СДСМ, Филипче, најважно е знаењето, а не јазикот на кој се полага испитот. Не се потребни нови поделби во општеството, истакна тој.