
По предлог на Министерството за правда, Владата, на седницата во вторник, го утврди Законот за Советот на јавни обвинители.
Како што соопшти Министерството, тој претставува значаен чекор кон зајакнување на независноста, одговорноста и транспарентноста на јавно-обвинителскиот систем.
Клучните измени се однесуваат на детално регулирана постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, зајакната улога на Советот во постапката за избор и разрешување на Генералниот обвинител, поголема транспарентност во работата на Советот, воведување прецизни и јасни критериуми за избор на членови на Советот и детално регулирана постапка за разрешување на член на Советот.