
МВР покажа дел од запленетите 40 тони цвет од канабис, кои властите ги открија и запленија во големата акција. Се наоѓаат во објект на министерството.
Тошковски рече дека марихуаната била незаконски произведена и складирана, надвор од пропишаните норми. Истрагата продолжува.
Владата побара проверка на сите фирми кои работат со производство на медицинска марихуана.
Од првично запленетите 40 тони, бројката може да порасне и до 100 тони, вели премиерот Мицкоски кој го посочи донесениот правилник кој дозволува производство на марихуана без задоволителни стандарди за производство на масло, и е во спротивност со законот.
И додека истрагата се води и преку одредени телефонски докази и други материјали, лидерот на СДСМ, Филипче вели-Владата прави дефокус, од прашањето како минале 5 тони во Србија.
Обвинителството постапува по предметот и не соопштува детали, освен дека се сослушуваат сведоци и дека соработуваат со српските колеги.