
Шуга се шири во велешката касарна. Двајца новопримени професионални војници завршија во изолација откако им беше дијагностицирана заразната кожна болест скабиес.
Неофицијално, кожната болест кај едниот војник е дијагностицирана во четвртокот, а кај другиот вчера. Но будно се следи дали некој друг е заразен.
Секој што ќе пројави симптоми, ќе биде испитан од службите во воено-медицинскиот центар.
Од Армијата ги потврдуваат случаите. Тврдат дека се преземени сите мерки за спречување на заразата.
Од Армијата дополнуваат дека во изминатиот период се организирале настани со присуство на стотици војници, притоа не било евидентиран ваков тип на заболување. Заразените професионални војници биле примени во АРМ на крајот на месец декември.