
Од март 2026 до 2028 година, околу 11.000 вработени во администрацијата ќе добијат годишно зголемување на платите од 8%, покрај законското усогласување што произлегува од зголемувањето на минималната плата.
По средбата со синдикатите во недела, премиерот Мицкоски рече дека договорот е историски и добитен за двете страни.
Задоволство изразија и Синдикатот на работниците, предводен од Трпе Деаноски, и Конфедерацијата на слободни синдикати.