
На брифингот со амбасадорите на ЕУ во четврток, премиерот Мицкоски изјави дека нема да има избори во 2026 година, додавајќи дека Владата е фокусирана на реформската агенда.
Во врска со проектот „Безбеден град“, тој рече дека некои опозициски актери го експлоатираат за да освојат политички и етнички поени.
Премиерот зборуваше и за борбата против корупцијата и криминалот, како и за законот против пушењето.
“Тука, исто така, има и други закони, како што се Законот за игра на среќа, законите кои што се дел од правосудството, некои ги поминавме, а некои ќе ги поминеме во вторник на владина седница”, рече Мицкоски.