
Министерот за здравство Алиу, во врска со таканаречениот извоз на мозоци за научни цели, изјави дека работната група анализира дали имало почитување на протоколите според законот што бил на сила пред 30 години.
Како што објасни во среда, во тоа време постоеле други процедури, додека МАЛМЕД не постоел како посебна агенција, односно бил дел од структурите на Министерството за здравство.
Тој лично смета дека е многу малку веројатно да имало злоупотреба бидејќи, како што истакна, станува збор за истражувачки проект меѓу две земји, при што втората се САД, кои имаат многу јасно дефинирани протоколи кога станува збор за биолошки материјал.