
Во интервју за Канал 5 во среда, амбасадорот Рокас рече дека ставот на ЕУ во врска со интеграцискиот пат на Северна Македонија е многу јасен.
„Таа веќе усвои преговарачка рамка и заклучоци на Советот едногласно, сите земји-членки, во 2022 година. Значи, ако овие обврски се исполнат, ЕУ е подготвена да започне преговори многу брзо“, истакна тој.
Во врска со владеењето на правото, тој изјави дека бидејќи последните измени во Кривичниот законик беа предложени од пратениците, тие не беа оценети од ЕК.
„Значи, тие ќе бидат оценети, но она што ни треба апсолутно, а ова треба да биде врвен приоритет, е сеопфатен, силен Кривичен законик, нов закон“, истакна амбасадорот Рокас.
Во врска со прашањето за транспортерите, амбасадорот Рокас истакна дека постои „цела добра волја“ за да се најде решение.