
Македонското здружение на новинари го повика Обвинителството да преземе мерки против лицата кои му се закануваат на Александар Видиновски од Канал 5, кои според нив шират говор на омраза и ксенофобија, предизвикуваат национална нетрпеливост и упатуваат смртни закани кон новинарот поради неговото видео од неправилно паркирани возила пред бугарската амбасада.
Се истакнува дека заканите се упатени кон службено лице, согласно Кривичниот законик. Здружението додава дека лицата му се закануваат на македонскиот народ.